Македонија

Трошоците за живот се повисоки за 0,8 проценти на годишно ниво

09 Jan 2020

Трошоците на живот во декември во споредба со ноември 2019 година се зголемиле за 0,3%, а цените на мало за 1 процентен поен. На годишно ниво трошоците за живот во 2019 година бележат пораст од 0,8% во споредба со 2018 година, а цените на мало останале на исто ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година е забележан пораст на трошоците за живот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици (5,6%); здравје (2,7%); храна и безалкохолни пијалаци, рекреација и култура (1,6%); мебел, покуќнина и одржување (1,2%); ресторани и хотели (0,9%).

Намалување е забележано во групите: транспорт (2,2%); комуникации (1,7%); облека и обувки (1,5%); образование (0,4%); домување, вода, електрика, гас и други горива (0,1%).

Кај малопродажните цени во 2019 година, се забележува пораст во групите индустриско-прехранбени производи (1,4%) и земјоделски производи (0,4%), а намалување на индексите на пијалаци (1,5%), услуги (0,3%), индустриско-непрехранбени производи и тутун (0,1%).

Трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележале пораст за 0,4 %, а цените на мало се намалиле за 0,2%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...