„Жито лукс“ лансира нова категорија интегрални лебови со суперсостојки (superfoods) – со суперсемки (чија и тиква), супержитарки (спелта и овес) и со суперзрна (хељда и амарант).
Како што соопштуваат од компанијата, трите нови леба се направени според едноставна рецептура, при што се користат исклучиво 100% целозрнести состојки.
Правилниот начин на исхрана станува приоритет за луѓето. Затоа „Жито лукс“ постојано пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната, стремејќи се да обезбеди здрав оброк со одличен вкус. Новите лебови се направени со минимално процесирани состојки и содржат природни и здрави суперсостојки, без конзерванси, вештачки бои, додадени шеќери и палмино масло, вели Лидија Трајковска-Ристовска, маркетинг-менаџер во „Жито лукс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.