Македонија

Турските компании во Македонија инвестирале 2 милијарди долари и вработиле 15.000 лица

12 Dec 2019

Две милијарди долари директни инвестиции и преку 15.000 вработувања, е актуелниот биланс од присуството на турските компании во земјава. Трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува 500 милиони долари, што не е доволно и нема да застанеме тука. Нашата цел е да достигнеме најмалку една милијарда долари, рече престедателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски, на одбележувањето на јубилејот – 10 години постоење на комората.

На приемот, Адемоски рече дека со својата работа, искуство, залагање, применети стандарди и капитал, турските компании директно придонесуваат и ќе придонесуваат за унапредување на македонската економија.

МАТТО им овозможува на турските и македонските компании да се отворат кон пошироките пазари. Ние сме активен партнер во приватниот јавен дијалог, имаме активна улога во трансформацијата на локалната економија и придонесуваме за полнење на државниот буџет, како и во регионот и пошироко. Придонесуваме многу и во хумани цели, даваме стипендии на средношколци и студенти кои студираат на нашите факултети. Со гордост можеме да се пофалиме дека до денес МАТТО има стипендирано околу 208 студенти и средношколци, нагласи тој.

Адемоски упати благодарност до сите кои во овие 10 години дале придонес МАТТО да биде еден од најзначајните комори во двете земји.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...