Во рамките на платформата за промоција на велосипедската култура, „Пивара Скопје“ донираше уште едно паркиралиште за велосипеди, овој пат во Кавадарци, кое е лоцирано кај спортскиот центар „Јасмин“ во овој град.
Долгогодишна заложба на „Пивара Скопје“ е вложување во заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за жителите на општина Кавадарци, ние како „Пивара Скопје“ ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт, со цел поголема заштита на животната средина, изјави Дан Тимотин, генерален директор на „Пивара Скопје“.
На локацијата во Кавадарци поставен е пар од СКОПСКО и СКОПСКО Smooth паркиралиште, во облик на препознатливото шише на СКОПСКО.
Досега „Пивара Скопје“ постави вкупно 11 СКОПСКО и Coca-Cola паркиралишта за велоспеди, на различни локации ширум земјава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.