Брендот Леона го поддржа настанот LeadCo кој претставува тродневна конференција на која членовите на „АИЕСЕК Македонија“ ќе ја имаат можноста преку различни предавања, сесии и тимски активности да се стекнат со вештини потребни за оформување на еден лидер.
Исто така, тема на конференцијата се и глобалните проблеми и активно учество при решавање на истите.
Концептот на конференцијата ја опфаќа суштината на нашата организација која се залага за вклучување на сите млади во развивање на подобро и поодржливо општество, а со самото тоа и развивање на лидерскиот потенцијал, изјави Филип Џамбазовски од „AIESEC Македонија“.
.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.