„Макпрогрес“ в година планира да отвори Институт за истражување и развој на прехранбена кондиторска технологија, со цел да поттикне и унапреди создавање специјализирани кадри кои понатаму со својата експертиза ќе можат да се вклучат во иновативните процеси во прехранбените компании во државата.
Преку овој Институт „Макпрогрес“ ќе соработува со академии, институции, старт ап компании, ќе организира посети, како и специјализирани обуки и курсеви за продажба, менаџмент, маркетинг, мехатроника... Содржини и дејности на Институтот се: истражување и развој на прехранбените технологии во пекарската и кондиторската индустрија, технолошко следење и аналитика, развој на нови производи, анализа на постоечки и нови сировини, тест проби со процесна опрема, сензорична и органолептичка анализа, едукација, обуки, тренинзи, семинари, размена на научни знаења и истражувања и соработка со други центри, факултети и институции.
Институтот ќе биде лоциран во кругот на управата на „Макпрогрес“ и е замислен како инкубатор на стручњаци во технолошко прехранбената наука, бидејќи недостатокот на стручен кадар и сега е голем предизвик за овие компании.
Неговато отворање ќе се совпадне со одбележувањето на 30-годишнината од отворањето на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.