Се укинува сметкопотврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари, со што во голема мерка ќе се заштеди на време, хартија и на административни постапки, соопштија од Владата.
На 166 седница на Владата утврден е текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.
Со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари, и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари, издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања, се вели во соопштението.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.