„Гемак трејд“ вчера во Next Door Park Hotel ги промовираше новите производи во своето продажно портфолио.
Станува збор за џебно шкотско виски, за кое од компанијата велат дека е модерен и иновативен производ за комплетно нов начин на уживање во омиленото шкотско виски.
„Гемак трејд“ континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни форми во FMCG индустријата. Во таа насока е и промоцијата на џебното шкотско виски, единствено на пазарот по своите карактеристики. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување, лесно за носење и во некршлива амбалажа, а самите производи се истото шкотско виски како и во добро познатата стаклена амбалажа, изјавија од „Гемак“.
Во портфолиото влегуваат следниве производи: Johnnie Walker Red Label 0.2цл, J&B Rare 0.2цл и The Singleton 0.2цл.
„Гемак трејд“ во изминативе 30 години работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна. Од 2016 година компанијата влезе и во доменот на угостителството преку Parkland Hospitality Group.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.