Македонија

Во пораст трговската размена меѓу Македонија и Бугарија

30 Sep 2019

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Софија се сретна со министерот за економија на Република Бугарија, Емил Караниколов. Главни теми на состанокот беа зајакнување на трговските односи меѓу двете земји и отворање нови можности и перспективи за зголемување на трговската соработка. 

Двајцата министери договорија до крајот на годината да биде одржан бизнис-форум во Скопје.

Бектеши рече дека Бугарија е еден од најважните трговски партнери на Македонија.

Ние како две соседни земји имаме одлична трговска соработка, која е во континуиран пораст и има простор во иднина дополнително да се зголеми. Со одржување еден заеднички бизнис-форум во Скопје, на кој ќе присуствуваат компании од двете држави, ќе се отвори простор за нови соработки на бизнисот и отворање нови пазари, изјави тој. 

Според бугарскиот министер за економија, нивна главна цел е да се зголеми економската соработка со Македонија на сите полиња. На состанокот беше договорено и во иднина да се договори соработка во делот на промоцијата на инвестициските можности на двете земји на трети пазари за привлекување странски инвеститори.

Република Бугарија се наоѓа на шесто место на листата на земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...