Македонија

Семеен ден за вработените во „Макпрогрес“

23 Sep 2019

Компанијата „Макпрогрес“ од Виница реализира еднодневен семеен ден за своите вработени со едукативна посета на Зоолошката градина во Скопје. 

Целта на ова патување беше дружењето и поттикнувањето вистински вредности, јакнење на тимскиот дух, и намерата да се покаже дека вработените се важен дел од нашата компанија. Во фокусот беше радоста на најмладите, кои поставуваа најразлични прашања и се едуцираа на теми поврзани со животните. Во текот на целата посета децата се дружеа со нивната пријателка, кравичката Алми, која им подели и подароци, соопштија од „Макпрогрес“.

„Макпрогрес“ зема учество во повеќе групни активности за вработените во компанијата, а пример за тоа е и традиционалната „Винчинијада“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...