Македонија

„Бимилк“ им посака среќна учебна година на децата во социјален ризик

13 Sep 2019

Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, „Бимилк“ ја продолжи и оваа година.

Овој пат беа опфатени деца што доаѓаат од семејства во социјален ризик и деца што ја загубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

Како и минатите години, „Бимилк“ подели чоколадно млеко „Моја Кравица“ за „сладок“ почеток на училишната година и училишни ранци како симболична солидарна помош. Во акцијата беа вклучени повеќе од 500 ученици од основно училиште, кои се од социјално ранливи категории.

Како компанија, континуирано им помагаме и им даваме поддршка на граѓанските хуманитарни организации во земјава. Сега, одлучивме традицијата за сладок почеток на училишната година да ја продолжиме и со учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик. Истовремено, сакаме да ги охрабриме да продолжат храбро и решително по патот на својата образовна надградба. Се надеваме дека со ова мало внимание ќе успееме да ги разубавиме нивните училишни денови. Дополнително, сакаме да им дадеме поддршка на пожртвуваните едукатори и згрижувачи во организациите, кои им помагаат на овие деца да се справат со секојдневните предизвици, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Во акцијата беа вклучени децата од Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“, СОС Детско село, Центарот за интеграција „Амбрела“, Центарот за образовна поддршка „Дендо вас“, Центарот за социјална интеграција „Надеж“ и Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“.„

Се надеваме дека со ова ќе ги мотивираат и другите компании да покажат општествена одговорност кон едукативните центри каков што е нашиот, кои им помагаат на децата да останат во образовниот процес. Нашата желба е бизнис-секторот да ја увиди важноста за обезбедување еднаков пристап до образование и заедно со едукативните центри да им овозможи директна помош на децата што имаат потреба од тоа, изјави Катерина Смилева, координатор за односи со јавноста на Ц.С.И. „Надеж“.

„Бимилк“ ја почна акцијата за сладок почеток на учебната година со „Моја Кравица“ во 2017 година кога компанијата посети повеќе основни училишта во земјава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...