Македонија

„Пакомак“ ќе воведе повратни вендинг машини за пластични шишиња

22 Aug 2019

Со помош на Фондот за иновации и технолошки развој, „Пакомак“ стана првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки.

Целта на поставувањето на повратните вендинг машини (ПВМ) е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со учеството во процесот ќе бидат соодветно наградени со т.н „зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.)

На почеток, „Пакомак“ ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување машини на целата територија на државата. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...