Македонија

„Пекабеско“ оствари пораст на приходите во првите шест месеци

21 Aug 2019

„Пекабеско“ за периодот од јануари до јуни 2019 оствари консолидирани финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 57,3 милиони денари.

Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот во првите шест месеци од 2019 година и изнесуваат 2.296,8 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 4,1%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 4,2%.

Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 2.261,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6%.

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во периодот од јануари до јуни 2019 година изнесуваат 27 милиони денари и кумулативно за 7 години кога е активиран новиот производствено-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 499 милиони денари.

Компанијата во првите шест месеци од годинава реализираше 19 нови вработувања.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...