Македонија

„Пекабеско“ за половина година оствари добивка од 57 милиони денари

25 Jul 2019

Компанијата „Пекабеско“ првото полугодие од 2019 година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 57,1 милиони денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на „Македонска берза“.

Во истиот период минатата година, добивката на компанијата беше 62,4 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, од 1-ви јануари до 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 2.268.592.000 денари. На домашниот пазар отпаѓаат 1.995.317.000 денари. Остатокот од 273.275.000 денари е остварен од продажба на странски пазари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...