Повеќе од 400 тони пластика и хартија во 2018 година беа селективно одложени и однесени на рециклирање, благодарение на соработката меѓу „Макпрогрес“ Виница и „Пакомак“.
Двете компании ја истакнаа важноста на грижата за животната средина по повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина.
Уште од своите почетоци „Макпрогрес“ има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а заштитата на животната средина отсекогаш била приоритет. Инвестиравме во соларни панели обезбедувајќи еколошки извор на енергија, кој е обновлив и не загадува. Имплементираме деловна стратeгија за еколошки разој РРР – Редуцирај, Рециклирај, го преструктурираме „Макпрогрес“, на што јас лично сум многу задоволен, бидејќи значајно го намаливме своето негативно влијание врз животната средина, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ Виница.
Од своето работење до денес, „Пакомак“ рециклираше амбалажен отпад од 115.541 тони.
Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас, изјави Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.