Македонија

„Баерсдорф“ нов партнер на „Атлантик група“ во Македонијa

30 Apr 2019

„Атлантик група“ потпиша договор за соработка за дистрибуција во Македонија со „Баерсдорф“, глобален козметички производител на брендови за лична нега

Портфолиото на производи кои влегуваат во дистрибутивниот асортиман на дистрибутивното подрачје Македонија за „Атлантик група“ е на водечките позиции во категориите за лична нега –  нега на лице, нега на тело, нега за усни, универзална крем за нега на кожата и козметички производи за мажи. Така, во дистрибутивното портфолио на „Атлантик група“ на македонскиот пазар ќе бидат додадени уште некои глобално – познати брендови како Nivea, Labello, Hansaplast и Atrix. Вкупната вредност на очекуваната годишна продажба изнесува над 4 милиони евра, соопштија од компанијата. 

Со новата соработка, „Атлантик група“ ја потврдува својата стратешка позиција во дистрибуцијата, која подразбира соработка со брендови со највисоки стандарди и јасно маркетиншко позиционирање на пазарот. Со вклучување на брендот Nivea во дистрибутивното портфолио, „Атлантик група“ денес има вкупно шест, од десетте најдобри регионални брендови (според Valicon истражувањето). Со посебно задоволство ќе продолжиме да го шириме асортиманот во Македонија, зајакнувајќи ја позицијата на  водечки дистрибутер на пазарот, изјави Перица Вичишки, извршен директор за дистрибуција во Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...