Македонија

„Европа“ двојно ја зголеми добивката

26 Mar 2019

А.Д. Европа - Скопје за една година двојно ја зголеми нето-добивката, покажува билансот на успех што овој кондиторски производител го објави на „Македонска берза“.

Добивката за 2018 година е 106.301.830 денари и за 111,5 отсто е поголема во однос на претходната година. 

Консолидираниот извештај на компанијата покажува дека вкупните оперративни приходи за 2018 година се зголеми за 12,3 отсто во однос на истите во 2017 година. Останатите приходи бележат пад од 26,6 отсто, а кај финансиските приходи падот е 54, 3 отсто во однос на 2017-та. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...