Македонија

Новата наградна игра на „Макпетрол“ почнува утре

28 Feb 2019

Под мотото „Со Верна полни и секогаш добиј“, „Макпетрол“ четврта година по ред продолжува со наградната игра за членовите на програмата за лојалност „Верна“.

Наградната игра ќе почне утре (1 март) и ќе трае до 9 декември 2019 година, период во кој ќе се одржат девет редовни и четири мастер кола, како и едно финално коло. Потенцијални добитници се повеќе од 155.000 корисници на „Верна“.

Потрошувачите се стекнуваат со една шанса за награда со секои впишани од 10 до 19 поени на картичката „Верна“, а доколку впишат 20 или повеќе поени во една трансакција, добиваат две шанси за награда. Главни награди се: косилка за трева Honda HRX 537 HY, скутер Honda SH150, четирицикл ATV Honda TRX 500 FM, гумен чамец Highfield CL380 со мотор Honda 20 KS и приколка, како и автомобил Honda HR-V 1,5 Elegance Navi.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...