„Алкалоид АД Скопје“ потпиша Меморандум за соработка за програмата за практикантство со уште два факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје – медицинскиот и технолошко-металуршкиот факултет.
Практикантството во„Алкалоид АД Скопје“ е заеднички проект на компанијата, Универзитетот и студентите.
Како опшествено одговорна компанија, би сакале на студентите да им овозможиме вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности со цел да се зајакнат нивните професионални вештини. Преку оваа програма, сакаме да изградиме синергија од која бенефит ќе имаат сите инволвирани страни, а научно-истражувачката работа во земјава ќе се подигне на едно ново, повисоко ниво, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“.
Соработката меѓу „Алкалоид“ и Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј“ почна во април 2018 година, прво со Фармацевтскиот факултет и со ПМФ – Институт за хемија. По првиот циклус на практиканство, 11 од вкупно 17 практиканти останаа да работат во компанијата. Година ќе има простор за вкупно 30 нови практиканти од четирите факултети со кои „Алкалоид“ соработува.
За нас, како факултет, искуството од ангажирањето на студенти како практиканти ќе отвори перспективи за креирање нови студиски програми како и осовременување на постоечките. Ваквите иницијативи се особено важни за студентите по медицина да се охрабрат дека се повеќе се создаваат услови за надградување на нивното стручно знаење,вештини и можноста за професионална реализација во сопствената држава, рече проф. д-р СоњаТопузовска, декан на Медицински факултет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.