Македонија

Нова енергија на InStore

14 Feb 2019

Дотерана, свежа, побрза и темелна – денеска ja стартуваме редизајниранaта InStore интернет- страница, со цел секој ден на нашите читатели да им бидат достапни најновите информации и трендови од FMCG секторот.

Со новата www.instore.mk додаваме и нова енергија на магазинот InStore кој веќе осум години редовно информира за сите новости од FMCG секторот. Налик на веб-портал, на www.instore.mk ќе читате актуелни вести од Македонија, од регионот и од светот, спротивставени аргументи, анализи, интервјуа, истражувања... Ги носиме сите важни играчи на едно место, на страниците на нашиот магазин и онлајн на www.instore.mk. Само тука ќе најдете информации кои Вам ви се важни – оние што имаат моќ да известат, да едуцираат и да поттикнат позитивни промени во Вашата работа.

Нашата вкупна читаност, нашата редовна публика, соработката на годишно ниво со преку 100 домашни компании и 100-тина регионални компании, лидери во својата област, ни дава за право гордо да кажеме дека InStore e изграден бренд, единствен и признаен во својата област. Се легитимира на пазарот со својот професионален пристап и потврден редакциски импресум како кај сите медиуми кои држат до својот став. Нашата намера е и натаму заедно да растеме и да ги охрабруваме сите процеси кои како сектор ќе не водат на тој пат.

Се читаме на www.instore.mk

Тимот на InStore



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...