Македонија

Трговците избраа 100-топ бренда

22 Jan 2019

Трговците избраа 100 бренда што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2019 година.

Ова е прв избор од ваков тип во Македонија и е во организација на магазинот InStore. Целосната анализа на податоците и листата со 100. водечки бренда се објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2018/2019 што веќе се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија.

Изборот беше направен врз основа на телефонска анкета што ја спроведе InStore во октомври и ноември 2018 година, на примерок од 300 испитаници, во 50 категории  производи. 100 MUST HAVE беа селектирани од вкупно 800 бренда што беа споменати во анкетата.

Идејата на проектот 100 MUST HAVE е да се олесни работата на трговците и на производителите/дистрибутерите, кај едните за изборот, кај другите за поставување на нивните производи во малопродажните места низ државата.

Изборот на 100 MUST HAVE e регионален проект на InStore: специјална едиција беше издадена во Босна и Херцеговина, а се подготвува и во Србија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...