Македонија

„Европа“ го доби првиот сертификат за овластен економски оператор

16 Jan 2019

АД „Европа" Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа, што е меѓународно призната марка за квалитет.

Сертификатот е показател дека економските оператори како што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни, а нивните царински процедури се ефикасни и усогласени.Одобрението ѝ беше врачено на Марика Караџоска, генералната директорка на „Европа“, од страна на премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

„Европа“ Скопје се јавува во улога на извозник и увозник што значи дека гарантира за целиот производствен процес, за суровините што ги користат, постапките на производство и на  набавка. Носителот на одобрението е сигурен партнер кој ги презел сите безбедносни мерки и е сигурен партнер во меѓународниот синџир на снабдување на стоката,  изјави Караџоска.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...