Македонија

„Розе“ во „Вашингтон пост“

02 Nov 2018
Американскиот весник „Вашингтон пост" на читателите им го препорача виното Rosé 2017 на „Стоби" како исклучително квалитетно
 
Во текстот посветен на вина што заслужуваат особено внимание и вреди да се пробаат, „Вашингтон пост" пишува: Ова е невообичаено вино и тоа не само затоа што не гледаме многу вина од Македонија. Тоа е мешавина од бело грозје р‘кацители (кое изворно потекнува од Грузија) и од балканскиот црвен вранец. Миксот е многу вкусен, како полна кошница од свежо набрани бобинки со нота на цитрус. 
 
Винаријата „Стоби" веќе неколку години е присутна на американскиот пазар. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...