Македонија

Се очекуваат рекордни 150.000 тони преспанско јаболко

27 Sep 2018
Околу 150.000 тони јаболко се очекуваат од годинашниов род на преспанското јаболко. 
 
Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен, на почетокот на бербата што традиционално почнува на верскиот празник Крстовден рече дека јаболкото во Преспа е застапено на околу 4.000 хектари. Капацитетите на општинскиот дистрибутивен центар се 5.000 тони јаболка. Според проценките, потребни се уште два толкави капацитети. 
 
Во рамките на 18-тиот „Преспански јаболкобер" на градскиот плоштад „Цар Самоил" во Ресен има и саем на земјоделска механизација, ликовна работилница насловена „Јаболко на хартија" и презентација на традиционална кујна. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...