Општина Сарај доби место за рекреација и за дружење - нова „Coca Cola Активна зона", донација од „Пивара Скопје" и компанијата Coca - Cola.
Зоната во Сарај е трета од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку општини, и 13-та во Македонија.
Се наоѓа во рамки на спортско - рекреативниот центар Сарај. Локацијата е достапна и е посетена од голем број жители на општината. Како и другите, и оваа „Coca – Cola Активна зона" е опремена со најсовремени фитнес-справи, кои се 24 часа достапни за слободна и бесплатна употреба за сите граѓани.
Ми претставува особено задоволство што сите досега поставени „Coca-Cola Активни зони" граѓаните од сите генерации ги доживуваат како простор каде што освен што можат да се рекреираат и да практикуваат позитивни навики, можат и да се дружат и да поминуваат квалитетно време со своите сограѓани. „Пивара Скопје" во соработка со компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании, ќе продолжат во насока на реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на сите граѓани. Уверен сум дека жителите на Сарај максимално ќе ја користат и со големо внимание ќе се грижат за зоната, бидејќи еден ваков простор навистина го заслужува тоа", изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на „Пивара Скопје".
Како и другите општини, „Coca-Cola Активната зона" во Сарај се реализираше во соработка со локалната самоуправа.
Чест ми е што општина Сарај е дел од овој проект, преку кој заедно со „Пивара Скопје" и со компанијата Coca-Cola имаме можност да ги мотивираме граѓаните да практикуваат позитивни навики. Нашата цел е да придонесеме за чиста, модерна и безбедна општина и за граѓани што се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, „Coca-Cola Активната зона" е од големо значење за општина Сарај. Упатувам апел до моите сограѓани домаќински да ја користат оваа зона, да се грижат и да ја чуваат, бидејќи само така ќе можеме долгорочно да ги ползуваме придобивките од неа, изјави изјави Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.
Во Скопје, „Coca-Cola Актицна зона" се поставени во општините Гази Баба и Чаир и на кејот на Вардар. Од другите општини, своја „Coca-Cola Активна зона" добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш. До крајот на годината во проектот ќе бидат вклучени уште два други градови.
Се вчитува следна вест...