Денес официјално беше промовирана новата мобилна апликација на „Рамстор" која е веќе во функција и достапна за потрошувачите.
Мобилната апликација која сите граѓани можат да ја симнат преку App Store и Google Plаy е функционална и едноставна за користење, а потрошувачите ќе имаат јасен преглед на понудите во „Рамстор" и полесно купувачко искуство приспособено на нивните индивидуални потреби, рече Горан Џугоманов, ИТ менаџер во „Рамстор".
Исто така тој додаде дека, со едноставно најавување на клуб-картичката на „Рамстор", корисниците имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи, да ги споредат трошењата и заштедите, како и да имаат увид во деталите од поените кои ги имаат на клуб-картичката.
На промоцијата на мобилната апликација се обрати и генералниот директор на „Рамстор" Ајхан Узун, еден од главните иницијатори за реализација на овој проект: Како „Рамстор", се стремиме да бидеме онаму каде што се нашите клиенти и потенцијални клиенти, а нашиот иновативен и лидерски идентитет благодарение на кој во голема мера се издвојуваме од нашите конкуренти, придонесе за зацврстување на покривот на нашата корпоративна маркетинг-кампања во Македонија која ја сочинуваат клуб-картичката „Рамстор" и апликацијата еден денар = еден поен.
Во поглед на инвестицискиот план, Узун истакна дека со новоотворените 6 маркети минатата година инвестирани се 1 милион евра и 100 нови вработувања, на што како компанија се особено горди. Тој најави дека двоцифренот пораст во последните 3 години ќе продолжи и во наредниот период.
Се вчитува следна вест...