Македонија

Забранет увозот на свињи и свинско месо од реонот на Варна во Бугарија

04 Sep 2018
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од реонот на Варна во Бугарија.
 
Забраната доаѓа откако на 31 август годинава во село во овој реопн е потврдена болеста африканска свинска чума. 
 
Агенцијата за храна ја информирала и Царинската управа за воведување дополнителни, засилени контроли на личниот багаж на патниците (внесување храна од животинско потекло – месо и производи од месо) преку кои може да се внесе болеста. 
 
Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствена заштита на животните, апелираме до граѓаните кои патуваат во Бугарија, кога ќе се враќаат во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло. Напоменуваме дека на граничните премини, државните органи ќе ја одземат храната, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство. 
 
Од таму апелираат до фармерите да ги држат свињите затворени, во соодветни објекти, со цел да се намали можноста да дојдат во контакт со диви свињи кои би можеле да ја пренесат болеста. 
 
Африканска црна чума не е болест која е опасна за луѓето, ное високо заразна вирусна болест кај дивите и домашните свињи, која експлозивно се шири и предизвикува големи економски штети во свињарството. Болеста не се лекува, односно за неа не постои вакцина. 
 
Освен во реонот на Варна, африканска црна чума беше утврдена и во Естонија, Латвија, Летонија, Полска, Белорусија... Во април годинава оваа болест за првпат се појави и во УНгарија. Ендемски е присутна во Италија, на островот Сардинија. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...