Во саботата во Кавадарци, официјално беше пуштена во употреба дванаесеттата „Кока-кола активна зона", која е дел од проектот на „Пивара Скопје" и на „Кока-кола" за промоција на активниот начин на живот и вложување во заедницата.
Особено задоволство е отворањето на дванаесеттата активна зона во еден од најспортските градови во земјава. Исправноста на нашата одлука ја потврдува и големиот број на присутни. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 активни зони низ Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања и од другите општини, па многу бргу се гледаме на нова локација со нова „Кока-кола активна зона", рече Владимир Косијер, генерален директор на „Пивара Скопје" на денот на отворањето.
Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, која им се придружува на општините Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на кејот на Вардар, во Гази Баба и во Чаир. Проектот вклучува поставување фитнес-зони на отворено, опремени со најмодерни професионални справи за вежбање, достапни на сите граѓани 24 часа, без никаков надомест.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.