Македонија

АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз

21 Aug 2018

По добиен список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги продолжува контролите на терен.

Како што соопшти Зоран Атанасов, директор на АХВ, позната е и сортата ориз добиена од генетски модифицираното семе. Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки соодветни на законот.

Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на луѓе кај кои може да се најде. Екипите повторно се на терен и детално ќе анализираат и ќе утврдат кои се тие производители. Контролите ќе се реализираат во соработка со Управата за семе и саден материјал при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна Атансов, на вчерашната прес-конференција во Стопанската комора, по повод измените на Законот за ветеринарни лекови.

Според директорот, контролите се зајакнати не само во земјава, туку и на граничните премини при увоз. Се подготвува план за контрола на годишната, но и на реколтата ориз за 2019 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...