Соините шницли и трошки, во кои првичните испитувања утврдиле дека содржат генетски модифицирани организми (ГМО) се на „Виталиа", а по потекло од Србија.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открила дека во Македонија се увезени два генетски модифицирани производа – ориз и соини шницли и трошки без да бидат декларирани. На денешната прес-конференција Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти дека била откриена пратка од 510 килограми соја со ГМО и дека серијата била повлечена од продажба. Количеството на оризот во кој е утврден ГМО изнесува 550 килограни и е произведен во кочанско. Сè уште се утврдува од каде потекнува семенскиот материјал за оризот.
Производите се наоѓаат под официјален надзор и се чека нивно уништување. Операторите се санкционирани со казна од 5.000 евра, додека казната за одговорното лице во фирмите изнесува 1.700 евра, вели Атанасов и додава дека за производите на „Виталиа" се чекаат резултатите од суперанализата, бидејќи операторот по закон може да побара дополнителни испитувања: Првата анализа докажа дека има присуство на генетски модифицирани организми, но по закон, операторот има право да побара и суперанализа.
Според македонското законодавство, производството на ГМО храна е забрането.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.