Македонија

Детали за преземањето на „Дониа“

18 Oct 2017

Компанијата „Макпрогрес" во изјава за InStore открива детали околу преземањето на прилепската фабрика за кондиторски производи „Дониа", за кое јавноста беше известена на крајот од септември.

 

Во врска со очекуваните промени во поглед на дистрибутивната политика за двата сета производи, од „Макпрогрес" велат дека „Дониа" ќе ја задржи директната продажба кон купувачите, со делумен ангажман на продажните комерцијалисти, како и на тимот мерчендајзери и субдистрибутери.

На прашањто каков ќе биде концептот за развој на стратегиите за маркетинг за производите од двете портфолија - интегрирана стратегија или одделни стратегии - од компанијата велат:

Маркетинг стратегиите за секој бренд ги правиме одделно, во зависност од категоријата на производ и од целниот потрошувач. „Дониа" е бренд за традиционални слатки специјалитети и висококвалитетни домашни бисквити и колачи. Тој понатаму во таа насока и ќе го развиваме дополнително.

Во врска со евентуалното прочистување на портфолиото на „Дониа" од помалку профитабилни производи, од - сега веќе - компанијата-мајка, велат дека во моментов прават анализа на асортиманот и дека е предвидено прочистување на асортиманот од помалку рентабилните производи.

 
 
Дефинитивно планираме да го прочистиме асортиманот од производите кои се со помала ротација, за да создадеме простор за лансирање на дополнителни производи во главните категории, што ќе ни овозможи да ги следиме навиките на потрошувачите и да понудиме и иновации во пакувањата и вкусовите.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...