Македонија

„Волт“ официјално започнува со работа во Северна Македонија

01 Apr 2025

Компанијата „Волт“ позната по своите услуги за испорака, официјално започнува со работа во Северна Македонија. Преку апликацијата на „Волт“ македонските купувачите ќе можат да прават нарачки од   кафулиња, супермаркети и продавници на мало, а испораките пристигнуваат во просек за 30 минути.

Возбудени сме да го претставиме „Волт“ во Северна Македонија. Скопје е динамичен град со богата култура на храна и зголемена побарувачка за дигитални решенија. Нашата цел е да поставиме нови стандарди за брза испорака, ефикасност и задоволство на клиентите. Возбудени сме што ќе им помогнеме на локалните бизниси да растат, да создаваат нови можности за работа и да им обезбедиме на клиентите беспрекорен начин за брзо доставување на нивните омилени оброци и производи, истакна генералниот директор за Северна Македонија и Србија, Ѓорѓе Давидовиќ.

По лансирањето во Скопје, „Волт“ планира да го прошири својот досег до дополнителни градови во Северна Македонија, правејќи ги своите услуги достапни за уште повеќе граѓани. Апликацијата Wolt е веќе достапна за преземање на iOS и Android, но можете да нарачате и преку веб-страницата.

 

Извор/Фото: „Волт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...