Македонија

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Куманово се гради според предвидената динамика

07 Mar 2025

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија „Лидл“ го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија.

Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално е во фаза на заградување на магацинот. Логистичкиот центар на „Лидл“ се простира на површина од 64 000 квадратни метри во рамките на комплексот на површина од 170 хектари. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра, а по завршувањето на проектот се очекува да се отворат нови 150 работни места кои значително ќе се одразат на локалната економија.

„Лидл“ ја избра локацијата во Куманово поради поволната географска положба и одличната инфраструктура, што ќе овозможи брзо и ефикасно снабдување на идните продавници на „Лидл“ во Северна Македонија. Во изградбата на логистичкиот центар се користат најсовремени и најиновативни градежни стандарди, со посебен акцент на одржливоста. Центарот ќе биде опремен со фотоволтаични панели со вкупен капацитет од 1,7 мегават часови, што ќе придонесе за зголемена енергетска ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

 

Извор/Фото: „Лидл“

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...