Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни, изјави Ристески.
Комисијата ќе ги разгледува сите предмети и ќе прави проверки на лице место.
За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. Законот за нефер трговски практики мора да се спроведува и да се заштитат и производителите и потрошувачите, истакна Ристески.
Извор: 24.инфо
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.