Над 600 прехранбени производи се дел од новогодишната кошничка која ја подготви Владата , како поддршка за граѓаните во пресрет на празничниот период.
На денешната прес конференција премиерот Христијан Мицкоски истакна дека оваа акција започнува на 15 декември и ќе трае се до 15 јануари.
Според премиерот мерката е усогласена со бизнис секторот и има за цел олеснување на потрошувачката во текот на празниците.
Направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено. Разговаравме извесен период и дојдовме до конкретен предлог дека во периодот од 15 декември па се до 15 јануари цените на повеќе артикли ќе бидат намалени, изјави Мицкоски.
Како што истакна премиерот ова не е направено со интервентна мерка на Владата па затоа нема да има казни туку само мониторинг за тоа дали ќе има залепено налепници.
Извор: Тв 21
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.