Македонија

Дурмиши: Над 600 прехранбени производи ќе се најдат во новогодишната кошничка

27 Nov 2024

Министерот за економија Бесир Дурмиши најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.

Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.

Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши.

 Извор: Алсат - М

Фото: Бесир Дурмиши/Facebook



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...