Според истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година” што го спроведе „Инсајдер ИД“, „Кам маркет“, осма година по ред ја држи првата позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат . На второто место во оваа категорија е „Стокомак“, а третото место го делат „Тинекс“ и „Кипер“ .
Во рангирањето на маркети според лојалноста на потрошувачите на првото место е „Кам маркет“, „Веро“ е на второто место, а „Стокомак“ е треторангиран.
Според истражувањето, најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот на производите има „Кам маркет“ според 40% од потрошувачите и истиот маркет има најдобра локациска покриеност со 39% учество.
Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, го спроведе истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи. Агенцијата 8-ма година по ред прогласува ТОП 3 преферирани ланци на маркети и 5-та година по ред Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.
Во истражувањето се прогласуваат и категориите како „Најмодерен маркет“, „Најдобар сооднос на цена-квалитет“, „Маркет со најдобра локациска покриеност и посебната категорија на најдобар Интернет Маркет“.
Детални информации за истражувањето можете да видите на линкот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.