Чоколадните морски школки Atlantis добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на Atlantis во розово, „Витаминка“ ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста.
Вклучувањето во борбата против ракот на дојка, компанијата го прави заедно со Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти „ЕЗРА“, каде ќе бидат донирани средствата наменети за заболените. Истите ќе бидат употребени за нивните потреби на патот во справување со болеста.
„Витаминка“ преку розовиот Atlantis што се појавува во продажба неколку години во овој период, ги поддржува активностите на здружението и упатува апел до сите жени за поголема самосвест и редовни прегледи.
Со ваквиот начин на поддршка што секоја година ја даваме, Atlantis стана симбол на борбата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Подигањето на свеста за ова заболување е можеби единствениот начин за борбата против заболувањето, но за сите оние кои се соочуваат со болеста и започнуваат со лекување, потребно е да знаат дека имаат поддршка и дека не се сами во борбата против болеста, велат од „Витаминка“.
Розовиот Atlantis е веќе достапен во продажба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.