Денеска во „Александар Палас“, започна јубилејниот 10 FMCG Summit, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Повеќе од 400 гости, меѓу кои се сопственици на компании, дистрибутери, раководители, менаџери, продажни агенти, производители, членови на Стопанските комори, трговци, претставници од придружните индустрии на FMCG секторот...ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните презентации на говорниците на годинешниот самит.
Дел од темите на годинешниот 10 FMCG Summit се:
На 10 FMCG Summit говорници се:
Ќе следува и панел дискусија, насловена: Како до FAIR PLAY во малопродажниот сектор? На која ќе учествуваат министерот за економија, Бесар Дурмиши, генералниот менаџер на СИЗ – ЛКА, Драган Иванов, генералниот менаџер на „Даути комерц“, Џемаил Даути и генералниот менаџер на „Випро“, Виктор Петров.
На 10 FMCG Summit гостите ќе имаат ексклузивна можност за дискусија и одговори на клучните прашања поврзани со актуелниот Закон за нефер трговски практики и надминувањето на пазарните предизвици.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.