Во рамките на „Гевгелија мол“ е најавено отворање на најголемото „Џамбо“ во Македонија.
Со најава за нешто уникатно и модерно и официјално се најавува отворањето на една нова „џамбо“ приказна на југот – „Гевгелија мол“ со која покрај другото ќе ги отвори вратите на најголемото „Џамбо“ во Македонија, во склоп на молот, распространето на 3.500 м2.
Од сопственичката структура најавуваат дека отворањето е проектирано да се реализира идното лето во 2025 година, а сите детали секако ќе бидат споделени со јавноста дополнително.
Развојот на југот е неизоставен дел од економскиот раст во Македонија и секој модерен претприемач треба да е свесен за истото доколку цели кон успеси кои можат да се носат со модерното темпо на една нова бизнис приказна. Визијата за креирање нешто уникатно, големо и модерно и вон главниот град беше една од главните причини за создавањето на новата мол приказна во гевгелискиот регион насловена како „Гевгелија мол“. Нестрпливи сме за помалку од една година и на македонската јавност, како и на сите туристи во државата да го претставиме „Гевгелија мол“, којшто ќе биде распространет на четири нивоа во склоп на 10.000 м2, во склоп на којшто ќе биде вклопен и фришоп од околу 1.000 м2. Оваа нова мол приказна само што започнува, а ветува многу и за посетителите како и за сите идни закупци во склоп на „Гевгелија мол,“ изјави Марјан Николовски, сопственик на „Монополист Инвест“ од Гевгелија, која како компанија воедно е единствен самостоен инвеститор на овој проект.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.