Македонија

Растат цените на угостителските услуги

07 Oct 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци зa 0.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.2 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година, во однос на  истиот период од минатата година, е зголемен за 5.5 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2.8 %.

 

Извор: Државен завод за статистика

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...