Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 29 септември ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ „Ист гејт мол“.
Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Дрогеријата на dm во „Ист гејт“, на крајот на месец август беше затворена заради реновирање. По еден месец, повторно ќе може да пазарувате во оваа дрогерија, во најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по поволни цени.
Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 393,45 м 2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор 76,45 м 2. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Отворањето беше проследено со попуст од -15% на апсолутно сѐ, кој ќе трае до 2 октомври, а добрата забава и хуманитарната активност не беа изоставени и овој пат.
Имено, како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во ТЦ „Ист гејт мол“ ,dm донираше 114.000 денари кон ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ - Општина Аеродром, Скопје.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.