Викендов Скопје славеше 100 години Скопско! Големата увертира, која траеше цело лето и прошета низ сите поголеми градови од земјата, кулминира со спектакуларен настан на отворено во Скопје. Насмеани лица, видно расположени посетители од различни генерации можеа да се забележат на секој агол од прославата, кои прославувајќи и наздравувајќи со нивното омилено Скопско, создадоа неверојатна роденденска атмосфера.
Целодневната прослава зазема централно место во Градскиот парк и со специјално одбраната листа на изведувачи направи забавата да трае практично цела вечер. Публиката уживаше во песните на Каролина Гочева, танцуваше со музиката на Страјк и DJ Гоце, гласно ги пееше хитовите на Ареа и Нокаут, додека Влатко Стефановски повика на најголемата здравица досега, извикувајќи во еден глас „Ајде на здравје, Скопје!“ Нашите артисти од домашната сцена ја одржуваа славеничката атмосфера и го задржаа вниманието на публиката цели шест часа, што покажа дека публиката навистина ја сака нивната музика и ја поврзува со моменти на радост и среќа.
Градскиот парк блескаше со славеничка енергија, беше спектакуларно осветлен од сите страни, a главната атракција дојде нешто подоцна во вечерта, кога публиката доби можност да види неверојатен перформанс: синхронизирано шоу на дронови кое уште долго ќе се зборува низ градот.
Скопско како бренд со долга традиција и култен статус во домашната култура уште еднаш ја покажа својата моќ да собере и да обедини десетина илјади луѓе на едно место, за да создаде уште еден уникатен момент на кој сите со радост ќе се сеќаваат уште долго.
Да се прослави 100-тиот роденден на Скопско беше вистинско уживање и потврда на тоа дека луѓето тука навистина знаат да празнуваат, да се развеселат, но и да го вреднуваат она што им е навистина важно.
Со големата роденденска забава Скопско успешно ја заокружи неодамнешната кампања, со која во изминатиот период Скопско доби персонализирани етикети за секој од градовите во земјава. Па така, Скопско стана и Битолско, Охридско, Штипско... И тоа е така затоа што Скопско е наше и сечие, и сите ние сме дел од приказната на Скопско, која се збогатува со секој поминат ден.
Среќен роденден, Скопско. И на здравје, за следните 100 години!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.