Македонија

Владата донесе одлука за ограничување на маржите на дел од прехранбените производи

20 Sep 2024

Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на бруто-производна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 отсто и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

На листата на основни прехранбени производи во тн. есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Ваквата одлука ја донесовме врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за индекс на трошоците за живот, кои покажуваат дека во споредба август 2024 година со декември 2023 година евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 отсто, од кои наголемо зголемување има кај овошјето од 10,9 проценти, кај млекото, сирењето и јајцата 6,6 проценти, кај зеленчукот 3,9 проценти, кај месото 3, 6 проценти и кај лебот и житото 2 проценти. За истиот период цените за безалкохолни пијалоци се зголемени за 9,4 проценти…  изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и додаде дека дека вакви мерки ќе бидат носени пред секој празник како божиќна, рамазанска, велигденска мерка.

Одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник и ќе трае до крајот на месец октомври.

Извор: „Независен“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...