Македонија

„Бимилк“ со традиционална поддршка за децата од СОС Детско село при почетокот на школската година

18 Sep 2024

„Бимилк“ традиционално и оваа година ги поддржа децата од СОС Детско село при почетокот на школската година и со тоа уште еднаш ја потврди својата грижа за децата и младите без родители.

 Како општествено одговорна компанија, „Бимилк“ продолжи со своето стратешко партнерство со СОС Детско село преку редовна месечна финансиска помош, овозможувајќи полесно вклучување на децата во образовниот процес. Дополнително, оваа година, компанијата ја прошири својата општествена ангажираност со поддршка на хуманитарната трка „ИТ4 Черити“( IT4Charity), соопштуваат од „Бимилк“

„Бимилк“ е стратешки партнер на СОС Детско село и со тоа имаме воспоставено релација на долготрајна помош и поддршка за децата и згрижувачките семејства. Поддршката на „ИТ4 Черити“ (IT4Charity) иницијативата за нас е уште еден начин за помош на ранливата категорија, на децата без родителска грижа и децата кои се дел од нашата иднина и на кои им е потребна дополнителна помош за полесно да влезат во образовниот процес и да можат да станат одговорни членови на заедницата. Затоа сме горди што преку поддршката на трката „ИТ4 Черити“   дадовме уште поголем придонес кон оваа навистина убава иницијатива и ја зголемуваме свесноста за потребите на децата како ранлива категорија, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во „Бимилк“.

Хуманитарната трка „ИТ4 Черити“ (IT4Charity)  оваа година доби на масовност со рекордниот број учесници од компании од ИТ секторот. Средства од трката се наменети за професионална поддршка на згрижувачките семејства и децата што вклучува експерти како  психолози, логопеди, дефектолози, социјални работници, како и тренинзи и консултации за родителство со предизвик.

Проектот има големо значење за СОС Детско село од каде изјавуваат дека: „Презадоволни и преблагодарни сме. Годинава ги надминавме сите досегашни резултати, и по бројот на компании донатори, и по бројот на пријавени учесници, но и по собраните средства. Особено сме горди што 9 нови компании ја препознаа мисијата на СОС Детско село и ја поддржаа овогодинешната хумана донаторска инцијатива„ИТ4 Черити“, велат од СОС Детско село.

 

Извор/Фото: „Бимилк“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...