Македонија

ССКМ и „Македонски дестилерии Кавадарци“ потпишаа Меморандум за соработка

05 Sep 2024

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение „Македонски дестилерии Кавадарци“ потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на дестилериите, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција.

Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение „Македонски дестилерии“ Александар Клинчаров.

Поддршката на мали и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи малите семејни дестилерии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат со врвни енолози. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности, каде нашата Туристичко угостителска комора со својата експертиза ќе учествува во создавање на ено гастро концептот и ќе се вклучи за дополнителен маркетинг на македонските дестилерии, и да се намали јазот меѓу мали и големите производители, изјави Ангелоски.

Клинчаров истакна дека здружението постои две години и во него членуваат 30 регистрирани дестилерии, и со поддршка на Сојузот на стопански комори заеднички ќе делуваат на сите предизвици и законски промени за нивно успешно деловно работење и зголемена промоција и препознатливост на македонските брендови. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...