Македонија

Марина Симоноски e в.д директорка на „Европа“

18 Jun 2024

„Европа“, македонскиот производител на кондиторски производи ја назначи Марина Симоноски за в.д директор.

Од компанијата преку Македонска берза информираа дека поради пензионирање на генералниот извршен директор Марика Караџова, позициите в.д извршен член  на Одборот на директори и в.д извршен директор на „Европа“ ги презема Симоноски.

Мандатот на Симонски ќе трае до одржување на Годишно собрание на акционери.

Додека на оваа позиција беше Марика Караџова, компанијата „Европа“ бележи добри финансиски резултати. Во првите три месеци од годинава се остварени вкупни бруто приходи на износ од 244.461.397 денари што е пораст во споредба со бруто приходите од 2023 година за истиот период

Профитот кој во првиот квартал од годинава го остварила „Европа“ изнесува 237 илјади евра што претставува значителен пораст во споредба со истиот период лани. Пораст е забележан и кај добивката, која во првите три месеци годинава изнесува 14.593.776 денари.
 
Фото: Европа


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...