Регионалниот лидер во производство на здрава храна, „Виталиа“ и оваа година беше дел од саемот за приватна марка „ПЛМА- Амстердам“ привлекувајќи стотици посетители со своите здрави, функционални производи.
Овој престижен настан, кој собра повеќе од 20,000 посетители и учесници од целиот свет, беше фокус на најновите трендови и иновации во различни индустрии, вклучувајќи ја и прехранбената, како и трендовите во развој на брендови за приватна марка.
На „ПЛМА“ „Виталиа“ го презентираше своето богато портфолио на здрави продукти, а го претстави и најновиот производ од протеинската линија, Протеинска гранола која е вистинска иновација на пазарот. Со 14 грама растителен протеин по порција, без додаден шеќер, веганска и богата со растителни влакна, Протеинската гранола е идеална за сите кои се стремат кон здрав начин на живот и избалансирана исхрана. Посветениот тим на Виталиа ги презентираше и новите Kids Coconut Bites, дел од новата детска линија на „Виталиа„, која ќе биде лансирана во септември 2024 година. Овој производ беше одбран во сегментот „Њу продукт експо“ каде што беше признат за својата уникатност и иновативност во дизајн и нутритивен состав, соопштуваат од „Виталиа“.
„ПЛМА Амстердам“ беше место каде што посетителите имаа можност да ги откријат најновите трендови во здравата исхрана, од производи богати со протеин, до солени здрави ужини и храна без додаден шеќер.
Со учеството на „ПЛМА Амстердам“, „Виталиа“ не само што ја зацврсти својата позиција како лидер во индустријата за здрава храна, туку и инспирираше многумина со своите иновативни решенија и производи. Нивната мисија е да го промовираат здравиот начин на живот и да ги поттикнат луѓето да живеат подобро и поздраво. Компанијата работи по најсовремени светски стандарди во индустријата, а нејзината стратегија е да се залага за континуирано инвестирање во развојни активности, насочени кон зголемување на производните капацитети и зајакнување на меѓународниот извоз, соопштуваат од „Виталиа“.
Извор/Фото: „Виталиа“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.