Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната кошница за месец мај.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ.
Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за претходниот месец, која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари.
Најмногу пари месечно се трошат за храна и пијалаци, 21.689 денари се потребни за едно четиричлено семејство да се нахрани и тоа се 36,1% од вкупниот буџет.
Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.
Извор: ССМ
Фото:Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.