Македонија

Презентиран извештајот на „Инсајдер ИД“ и ЕБОР - „Навигација на иднината“

14 May 2024

На 13.05.2024 се одржа презентација на истражување на тема „Навигација во иднината: Синџир на снабдување, дигитализација  однесување на потрошувачи во FMCG индустријата во Северна Македонија”.

На презентацијата беа изнесени дел од главните заклучоци од истражувањето и препораките за развој на индустријата за широка потрошувачка во Северна Македонија, за кое беше користено истражување со потрошувачи и интервјуа со домашните компании.

Во 2023-та година, според ДЗС вкупниот пазар за храна пијалаци и тутун изнесува 1.91 милијарди евра, додека проекцијата од извештајот е дека ќе достигне приближно 2.25 милијарди или раст од приближно 260 милиони. Осум национални ланци вкупно оствариле приход 997 милиони евра во 2023, од кои 580 се генерирани од тврдите дисконти а останатите 417 од класичните ланци на маркети. Проектираниот раст, според податоците од извештајот се очекува да биде доволен да овозможи пласман на нови производи и развој на компаниите во секторот.

Фокусот на менаџерите треба да биде на интерната дигитализација на процесите и работењето како и интеграција помеѓу системите на компаниите во синџирот на снабдување. Тоа е најважниот дел за надминување на бариерите, како недостатокот на човечки капитал, оптимизација на процесите и зголемување на продуктивноста, изјави Сергеј Зафироски, генерален менаџер на „Инсајдер ИД“.

Домашните производители имаат добра позиција и потенцијал помеѓу потрошувачите, бидејќи ги сметаат за квалитетни но и наведуваат дека постои голем потенцијал за воведување на нови домашни брендови во маркетите, додаде Зафироски.

        

Според податоците, 44% од потрошувачите сметаат дека домашните брендови не се доволно застапени а 71% сметаат дека нема доволен број на брендови во Македонските супермаркети. Тоа што е позитивно е дека 72% од потрошувачите го ставаат квалитетот на домашните производи на еднакво или повисоко ниво во однос на странските. Според извештајот, компаниите е потребно да се насочат кон реални иновации во производите, кои што ќе дадат дополнителна вредност во категориите на производи, што го олеснило нивниот пласман во маркетите и кај потрошувачите. Главно конкуренцијата се базира на цена и промени во составот на производот а не фокус на реална иновација и промена.

Во однос на е-трговијата, резултатите посочуваат дека моментално сеуште мал сегмент преферираат да купат прехранбени производи преку е-продавница. Помеѓу 2% - 5% од потрошувачите би го преферирале тој начин, наместо физичка посета на продавница. Причината за 56% од нив е дека сакаат да го видат производот пред да го купат, 38% сметаат дека нема да добијат квалитетен или дека производот нема да биде свеж. Помеѓу другото и цената е една од причините поради кои потрошувачите сеуште ги преферираат brick-and-mortar маркетите наместо дигиталните канали.

Цената сеуште има клучна улога во одлуката на потрошувачите, бидејќи 12% од нив имаат наведено дека цената не им е од значење, додека 82% се согласуваат дека би го купиле производот со пониска цена. “Размислувањето на потрошувачите е дека со воведување на поголем број домашни брендови и зголемување на домашното производство, ќе се влијае и на намалување на цените на производите. Тоа размислување е донекаде одржливо, но имајќи во предвид дека Македонскиот пазар е мал, многу е комплексно да се оствари економија од обем а со тоа и намалување на цените. Потребно ќе биде значително окрупнување за се постигне таа посакувана цена, изјави Сергеј Зафироски.

      

Главните препораки од истражувањето се дека компаниите треба што поскоро да се насочат кон дигитализација на интерното работење и меѓу-компаниска интеграција, едукација и зголемување на свесноста за маркетингот и истражувањата помеѓу компаниите, креирање на центри за истражување надвор од компаниите и намалување на увозната зависност и соработката со домашните производители.

Извештајот е дел од поголем проект реализиран од „Инсајдер ИД“, во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој и финансиска поддршка од Европската Унија – Фонд за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан (WB EDIF).

За повеќе информации можете да го преземете извештајот на: Навигација во Иднината: Синџир на снабдување, дигитализација и однесување на потрошувачи во FMCG Индустријата во С.Македонија (insider.mk)



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...